Bedrudin Brlyavac
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Шефот на националната разузнавачка служба на САД, Џејмс Клапер, го истражува тајниот дел од извештајот за терористичките напади на 11-ти септември 2001 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека Клапер можно е да даде препорака за отстранување на ознаката „тајно” од тие документи.
Обама потврди дека Клапер е блиску до завршувањето на тој процес, нагласувајќи дека најважно е да постои гаранција дека објавените документи нема да ѝ нанесат штета на американската национална безбедност.
На прашањето на новинарите дали ги читал тие 28 страници од тајните докумнти, американскиот претседател додаде дека „има идеја што во нив се наоѓа”.
Во серијата терористички напади на 11-ти септември загинаа 2.996 лица, а над шест илјади беа повредени.