Cüneyt Ateş
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
АНКАРА (АА)- Претседателот на Партија на националистичко движење во Турција (МХП) Девлет Бахчели во врска со одлуката на Советот за национална безбедност на Турција за воведување на тримесечна вонредна состојба во државата изјави дека се работи за добар и соодветен избор, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воведувањето вонредна состојба на ниво на целата држава е добар и соодветен избор. Партија на националистичко движење, во овој тежок и многу проблематичен период за Турција, бескомпромисно, без оглед на сѐ, ќе застане на страната на државата и народот и нема да им помага на нелегитимните формации и банди", изјави Бахчели.