Adel Ömeragiç
21 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Естонскиот дипломат Аиво Орав е новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој моментално ја извршува функцијата шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
Орав претходно ја извршуваше должноста на амбасадор на Естонија во Турција, покривајќи ги истовремено Либан и Азербејџан, а беше и естонски амбасадор во Полска, покривајќи ги Бугарија, Романија и Македонија.
Исто така, работеше во Министерството за надворешни работи на Естонија, меѓу останатото и на функцијата политички директор. Орав зборува англиски, германски, бугарски и француски јазик.
Аиво Орав новата функција ќе ја наследи од сегашниот амбасадор на ЕУ во Црна Гора, Митја Дробниќ, чиј четиригодишен мандат истекува на 31 август.
Орав ќе стапи на должност од први септември.