Besar Ademi
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на холандското претседавање со Европската унија (ЕУ) за периодот од јануари до јуни 2016 година, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Македонија, холандскиот амбасадор во земјава, Вилем Ваутер Пломп, ја претстави програмата и приоритетите за работата на претседателството на Холандија со ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Вилем Ваутер Пломп изјави дека приоритетите на холандското претседателство во овој период се сеопфатниот пристап кон проблемот на миграциите, посветеност на здрав европски финансиски систем, како и климатските промени и енергетските прашања.
Тој нагласи дека претседателството на Холандија во Република Македонија ќе работи и делот на мигрантската криза, добрите меѓуетнички односи, како и целосното спроведување на политичкиот договор, т.н. "Договорот од Пржино", вклучувајќи ги и прашањата кои ќе обезбедат слободни, фер и демократски избори.
Како што рече тој, целосното спроведување на условите на договорот е важно за процесот на интеграција на земјата, поради тоа што напредокот на земјата ќе се оценува по изборите на 24-ти април.
"Наредните месеци ќе бидат од суштинско значење за Македонија во овој спор. Жал ни е што заедничките договори меѓу сите партии не успеаја да се имплементираат сите точки во вистинско време, но очекуваме сите страни да ги исполнат своите обврски и да продолжат на конструктивен начин кон целосно спроведување на договорот, вклучувајќи ги и клучните прашања, како што се избирачките списоци и да се овозможат избори според меѓународните стандарди ", рече амбасадорот Ваутер Пломп.
Амбасадорот Вилем Ваутер рече дека нестабилната ситуација поради мигрантската криза која е присутна во ЕУ со поголеми размери е една од причините кои ги ризикуваат вредностите на ЕУ. Тој нагласи дека тоа ја тангира и Македонија бидејќи најмалку 700 илјади луѓе поминаа во земјата и тоа, како што рече тој е голем предизвик за земја со просечни ресурси како што е Македонија.
Од другата страна амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав рече дека некои прашања од Договорот од Пржино не се имплементирани на време и овој договор претпре многу пролонгирања. Тој додаде дека со ова Македонија покажува дека не е можно да се решат проблемите без европското посредништво.
"Мислам дека е премногу рано да се зборува дека договорот е мртов, што на 2 јуни до денес имплементацијата на договорот од Пржино имаше многу болести, а еден од нив е хронична. Но, тоа сега зависи од партиите ако сакаат да се најде решение за ова хронична болест или нешто друго ", рече амбасадорот Орав.
Тој рече дека меѓународната заедница ќе ја процени ситуацијата во рок од неколку недели, а според него, овие неколку недели се најдоброт период за Македонија да ги реализира реформите кои не се реализирани во изминатите неколку години.