Cuneyt Davut
07 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Исмаил Јанаратеш, кој се занимава со земјоделие и има фирми од таа област, одблизу ги следи иновациите и развојот во неговата професија и вели дека Македонија ќе биде регионална база за производство на „калапено овошје”, јавува Anadolu Agency (AA).
Раскажувајќи дека околу 30 години е поврзан со природата, заинтересиран е за нови технологии и дека „калапеното овошје” го видел за време на патувањата во Далечниот Исток. Бизнисменот и претприемач Јанаратеш, рече паралелно со побарувачката од странство вовеле нова стратегија за инвестирање во истражувањата и развојот и започнале со производство на овошјето.
Давајќи информации во врска со начинот на производство на „калапеното овошје”, Јанаратеш вели дека во производството на овошје не користат адитиви и ГМО и додава дека „За разлика од другото овошје, во текот на растењето во одреден период на поставениот распоред го ставаме овошјето во специјални калапи и така им даваме форма”.
Јанаратеш рече дека лубеницата, лимонот и краставицата се трите главни производи кои се произведуваат како „калапено овошје” и додава дека „овие главни производи имаат подвидови. Лубеницата ја произведуваме во форма на коцка и срце, лимонот во форма на срце додека краставицата во форма на срце, ѕвезда и цвеќе”.
Бизнисменот и претприемач Јанаратеш, наведувајќи се на пазарот за „калапено овошје” пренесува дека тие го спроведуваат планот на производство со предходни нарачки поради тоа што станува збор за специјално производство. Тој, исто така, осврнувајќи се на економскиот придонес на ова производство, изјави дека преку инвестирање во производ со ниска додадена вредност може да стане извозен производ со висока додадена вредност.
„Специјален и различен подарок. Особено има побарувачка од фирми за организирање настани. Како што можете да видите во поканите се подготвуваат стилски презентации и декорации на коктели” вели Јанаратеш, објанувајќи ја намената на овие производи додаде дека најмногу се преферира нивната употреба во хотели, слаткарници, коктел покани но дека во ограничен број ќе ги има и во маркетите.
- Македонија ќе биде база за прозводство на „калапено овошје” во регионот -
Исмаил Јанаратеш, поради многуте специфики кои ги поседува Македонија, потенцираше дека Македонија би можела да биде база за прозводство на „калапено овошје” во регионот.
„Поради тоа што Македонија ги поседува сите услови за производство, сите видови на објекти за производство се лесно достапни, климата, географската местоположба, продуктивноста на почвата и нејзината близина до европскиот пазар, оваа земја може да биде срцето за производство на „калапено овошје” во регионот, рече Јанаратеш.
Тој додаде дека неговата компанија има намера да произведува „калапено овошје” и во Македонија и потенцираше дека тоа производство ќе даде значаен придонес во економијата на земјата.
Јанаратеш рече дека имаат во план такво производство за да можат „калапеното овошје” да се продава и на македонскиот домашен пазар, но и да се извезува во балканските земји и Европа.
Тој додаде дека порано во Македонија, на Балканот и во Европа овие производи се промовирале, дека се познати и реномирани, па токму поради тоа тој верува дека „калапеното овошје” одлично ќе котира на пазарот.