Cuneyt Davut
14 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје беше отворен вториот по ред Семинар на културни средби на Балканските центри на знаење, јавува Anadolu Agency (AA).
На Семинарот, кој е организиран под покровителство на Турската меѓународна агенција за координација и соработка (ТИКА) и Културниот институт Јунус Емре учествуваа голем број претставници од невладини организации, академици, истражувачи, писастели и голем број гости.
Меѓу презентациите од страна на учесниците, гостите имаа можност да слушаат музика во изведба со сантур инструмент.
Раководителот на секторот за Услуги и поддршка со човечки ресурси од ТИКА, д-р Зулкуф Оруч, во својот говор во врска со вториот по ред семинар на културни средби на Балканските центри на образование, истакна: „Во рамките на овој семинар, започнавме со панелот во Косово, а со панелот во Скопје, го привршуваме семинарот. ТИКА, за заживувањето на заедничкото културно наследство на Балканот, вложува големи напори. Нашите проекти се во насока на заживување нашето нематеријално културно наследство.“
На семинарот свое обраќање имаше и професор од Универзитетот Гази во Анкара, Мустафа Татчи, кој во своето излагање, ораганизираниот настан го квалификуваше како „културна размена“, и додаде: „Балканот е исполнет со исламско наследство кое зад себе го оставиле Османлиите. Наша цел е оваа заборавена култура одново да ја заживееме.“
Мустафа Татчи истакна дека Семинарите на културни средби на Балканските центри на знаење ќе продолжат: „За нашите браќа кои живеат во регионот, но не го познаваат турскиот јазик, потребно е да се преведат книжевни дела за Исламот и неговата мистичност. Во рамките на нашите активности посакуваме младите ќе ја осетат празнина и ќе земат учество во свое учество во преводите.“
Семинар на културни средби на Балканските центри на знаење, под покровителство на ТИКА и Институтот Јунус Емре се организира по вторпат. Во Македонија и Косово беа организирани активностите на културни средби на кои беа претставени теми од Исламот и неговата мистичност.