Nazmi Abduramani,Bekim Laci
20 Февруари 2016•Ажурирано: 21 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - На барање на лидерите на политичките партии, проценката на ЕУ и САД за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април, ќе биде соопштена утре, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација за АА ја потврдија од ЕУ-Инфоцентар во Скопје, при што информираа дека проценката на состојбата за тоа дали се исполнети условите за одржување на изборите на 24 април оваа година ќе биде позната утре и ќе се соопшти преку писмено соопштение.
Проценката која треба да ја соопштат амбасадорите на ЕУ и САД во земјава во врска со исполнување на исловите за одржување на изборите е врз основа на трите критериуми: договорот за медиумите, одвоеноста на партијата од државата и прочистување на Избирачкиот список.
Инаку, процентата на меѓународната заедница за одржување на избори требаше да биде сооштена денес, како што претходно најавија Орав и Бејли повикувајќи ги политичките партии на доследно спроведување на Пржинскиот договор.