Tufan Aktaş
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АДИС АБЕБА (АА) - На денешната Голема трка за Етиопија, која е призната како трка со најголемо учество во Африка, две лица ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Дагмавит Амаре, еден од организаторите на трката, за АА изјави дека едно лице паднало на земја за време на трката, додека второто откако ја минало целната линија. Двете лица починале во болница.
Амаре изјави дека се претпоставува дека смртта настанала како последица на срцев удар.
Оваа година се одржа 17. Голема трка на Етиопија, на која учество земаа 44.000 лица, меѓу кои голем број аматери и професионални атлетичари од повеќе земји од светот.
На патеката во должина од 10 километри, организаторот презема широки безбедносни мерки.