Ekipa
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Шпанските власти соопштија дека се повредени 22 лица во ноќен клуб на шпанскиот остров Тенерифе, кога утринава во раните утрински часови пропаднал подот и гостите паднале во подрумот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Екипите не итната служба на Канарските Острови наведоа дека гостите на ноќниот клуб паднале во подрумот откако подот од околу четири квадратни метри пропаднал.
Две лица се здобиле со потешки повреди како скршеници на нога и зглобови. Меѓу повредените има Шпанци, две лица од Франција, едно лице од Белгија и едно од Романија.
Тенерифе е најголем од седумте Канарски Острови во Атлантскиот Океан близу до брегот на Африка, а поради топлата клима претставува едно од најпопуларните туристички дестинации за многу Европјани.