свет

Етиопија: Секоја година умираат 96.000 бебиња

Владата на Етиопија и УНИЦЕФ подготвија извештај во врска со состојбата на жените и децата во земјата во различни области, како здравството и образованието, кој потоа беше претставен во јавноста во главниот град на оваа земја, Адис Абеба

Tufan Aktaş  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Етиопија: Секоја година умираат 96.000 бебиња

АДИС АБЕБА (AA) - Во Етиопија секоја година умираат 96.000 бебиња поради недостаток на здравствени услови, пренесува Anadolu Agency (AA).

Владата на Етиопија и УНИЦЕФ подготвија извештај во врска со состојбата на жените и децата во земјата во различни области, како здравството и образованието, кој потоа беше претставен во јавноста во главниот град на оваа земја, Адис Абеба.

Во извештајот се нагласува дека во 2000-тите години умирале 58 од 1000 деца под 5-годишна возраст, а оваа стапка се намалила во наредните години, но се наведува дека секоја година сè уште умираат 96.000 бебиња поради здравствени и хигиенски проблеми.

Според овој извештај, од 2000-тите години досега стапката на користење небезбедна и нездрава вода е намалена од 75 на 31 отсто.

Се вели дека во земјата има 2,6 милиони деца на возраст од 7 до 14 години, кои сè уште не можат да одат во училиште.

Во извештајот се укажува и на малолетничките бракови, и се вели дека 6 милиони девојчиња под 15- годишна возраст се во брак. Се вели дека во последните 10 години е забележан пад од 20 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın