свет

Народот во Мунбич побара ЈПГ/ПКК и режимот на Асад да ја напуштат областа

- Трговците во областа Мунбич во знак на протест утрово ги затворија своите продавници со барање терористите на ЈПГ/ПКК и режимот на Асад да ја напуштат областа, а контролата да биде преземена од страна на Сириската национална војска (СНВ)

Mohamad Misto, Ömer Koparan  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Народот во Мунбич побара ЈПГ/ПКК и режимот на Асад да ја напуштат областа

МУНБИЧ / АНКАРА

Народот во Мунбич во знак на протест ги затвори своите продавници со барање терористите на ЈПГ/ПКК и режимот на Асад да излезат од областа, а контролата да ја преземе Сириската национална војска (СНВ), пренесува Anadolu Agency (AA).

Трговците во областа Мунбич во знак на протест утрово ги затворија своите продавници со барање терористите на ЈПГ/ПКК и режимот на Асад да ја напуштат областа.

Но, терористите на ЈПГ/ПКК почнаа да ги евидентираат сопствениците на продавниците кои бараат расчистување на областа од режимските сили и терористите на ЈПК/ПКК и преземање на контролата од страна на Сириската национална војска (СНВ).

Народот почна да стравува поради евидентирање на нивните имиња, затоа мораа повторно да ги отворат своите дуќани.

Собранието на сириските племиња на вчерашниот состанок во Мунбич ги повтори истите барања и побара областа да влезе под контрола на воените опозиционери.

Во август 2016 година, областа Мунбич, западно од реката Еуфрат, беше окупирана од страна на ЈПГ/ПКК со поддршка на САД. Турција и САД минатата година постигнаа договор терористите да ја напуштат областа, но повлекувањето не се случи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.