Hasan Esen
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Европската Унија (ЕУ) ќе работи заедно со САД со цел дивјаштвото во Сирија да заврши, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск го коментираше нападот на САД врз воздухопловната база на режимот на Асад во сирискиот град Хомс.
„Нападот на САД покажува дека е неопходна одлучност против варварските напади во кои се користи хемиско оружје. ЕУ ќе работи со САД со цел дивјаштвото во Сирија да заврши“, рече Туск.
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат е погодена со 59 проектили „томахавк“, утрово, околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови со дострел до базата. Пентагон наведе дека им е познато оти во базата има и руски војници и дека Русија во текот на денот била известена за нападот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.