Mohamad Misto,Adham Kako
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ИДЛИБ (AA) - Нападот со хемиско оружје на Кан Шеикун во Идлив, кои во тој сириски град го изведоа припадниците на режимот на Башар ал-Асад предизвика хоспитализација и на новинар од Anadolu Agency (AA) Абдурауф Кантар.
Дописникот на АА кој по нападот отишол до местото на експлозијата откако таму останал одредено време бил хоспитализиран.
Кантар по хоспитализацијата и укажаната медицинска помош беше отпуштен од болница, а на денот на нападот се сеќава по телефонските повици во раните утрински часови во кои тамошните локални претставници на цивилната заштита панично му зборувале за нападот со отровен плин и голем број на страдани лица.
„Со еден пријател отидов до локален штаб на цивилната заштита.Таму видов дека загинатите по идентификацијата ги носат до џамијата. Во близина видов тела на две деца. Нивниот идентитет тогаш сеуште не беше утврден", се присети Кантар.
Откако собрал информации и изјави на местото каде се наоѓал, Кантар се упатил до локацијата на која дошло до експлозија со отровен плин, односно хемиско оружје.
„На самата локација се задржавме две минути, го фотографирав местото и околината и тргнав назад. Седнав да возам. Кога бев на пола пат до враќањето во мојата населба почувствував зашеметеност и го запрев возилото. Мојот пријател продолжи да вози. Кога дојдовме во наредниот штаб на цивилната заштита веќе бевме во лоша ситуација", се присети Кантар и додаде:
„Се тресев, не можев да дишам, а тамошниот медицински персонал најпрвин ми соблекоа дел од облеката. Дишев се потешко, а од устата ми излегуваше пена. Ме прскаа со вода, а подоцна ме испратија во повеќе медицински центри се додека во едниот од нив не пронајдоа место да се задржам неколку часа. На секои 15 минути ми го проверуваа пулсот. Еве и сега не можам потполно да ги затворам очите бидејќи чувствувам потешкотии", рече Кантар.
Во вчерашниот напад во кој режимските сили на Асад корисеа хемиско оружје во Идлиб убиени се повеќе од 100, а ранети повеќе од 500 цивили.
Меѓу страданите е голем број деца и жени, а ОН, НАТО, ЕУ, како и Турција, Велика Британија, Франција и другите земји го осудија тој напад.