Safvan Allahverdi
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, за буџетот за 2020 година што ќе биде доставен до Конгресот, планира да побара 8,6 милијарди долари за поставување граничен ѕид меѓу САД и Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веста е објавена во американските медуими каде што како извор се наведени блиски лица до администрацијата на Трамп. Пишува дека во текот на оваа недела, претседателот Трамп во рамките на граничната безбедност ќе достави нова понуда до Конгресот.
Според информацијата, Трамп планира 5-те милијарди долари за изградба на ѕидот (од вкупната сума која изнесува 8,6 милијарди долари) да ги земе од буџетот на Министерството за внатрешна безбедност, а останатите 3,6 милијарди долари за изградба на воените објекти во должина на границата од Министерството за одбрана (Пентагон).
Покрај тоа, предлогот за буџетот вклучува и 2.800 дополнителни лица за безбедност на границата, како и вработување на 100 имиграциони судии за да се забрзаат имиграционите постапки.
Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чарлс Шумер, во однос на тврдењата истакнаа дека предлогот за буџетот е неразумен.
„Претседателот Трамп за скапиот и неефикасен ѕид на границата со Мексико, ја блокираше Владата, страдаа милиони Американци и предизвика хаос. Откако Конгресот одби да го финансира ѕидот, го прифати поразот и беше принуден повторно да ја деблокира Владата. Ако се обиде повторно, ќе се повтори истата работа. Верувам дека ја научи потребната лекција“, се вели во изјавата.
Сумата што ја побара Трамп е 6 пати поголема од буџетот што Конгресот го одвои за гранични проекти за последните две години. Буџетот за 2020 година мора да помине низ Конгресот пред 1 октомври, инаку на дневен ред ќе дојде повторната блокада на Владата.