Aynur Ekiz
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше телефонски со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ова е потврдено во соопштението од кабинетот на турскиот претседател. Се наведува дека Ердоган и Трамп во текот на разговорот разговарале за најновите случувања во Сирија.