Halil Demir
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акциите спроведени во 12 турски градови се приведени се најмалку 24 лица, од вкупно 45 за кои е распишан налог за притвор, поради сомневање за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата што ја спроведува Одделот за борба против тероризмот и организираниот криминал при Обвинителството во Истанбул, издаден е налог за приведување на вкупно 45 лица, за кои е утврдено дека користеле БајЛок, систем за шифрирана комуникација меѓу прупадниците на ФЕТО.
Со истрагата е утврдено дека при комуницирањето преку БајЛок се користени телефонски броеви пријавени на имиња на различни лица.
За време на акциите спроведени во вкупно 12 турски градови, досега се приведени најмалку 24 лица, врз кои моментално се води полициска истрага.