Sena Güler
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
АНКАРА (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му изрази сочувство на алжирскиот колега Абделазиз Бутефлика, откако воениот авион денеска се урна во близина на главниот град на Алжир при што страдаа 257 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сакам да знаете дека секогаш сме спрени да им помогнеме на нашите алжирски браќа во овие тешки моменти", рече Ердоган.
Министерството за одбрана на Алжир денеска соопшти дека во падот на воениот авион недалеку од истоимениот главен град загинаа 257 лица. Меѓу загинатите беа 247 патници и 10 членови на посадата, наведоа од министерството.
Кратко по полетувањето, авионот се сруши во областа на Билд, 32 километри југозападно од Алжир. Превезуваше војници и членови на нивните семејства.