Ali Cura
17 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин и Меркел детално разговарале околу состојбата во Сирија и регионот.
Путин истакнал дека агресивниот акт кој го извршија земјите од Западот против Сирија, ги прекршува правилата на Меѓународното право и статутот на ОН, и дека се прави штета на процесот за мировно решение за сириската криза.
Во соопштението се истакнува дека лидерите на Русија и Германија укажале на важноста Организацијата за забрана на хемиското оружје во Сирија инспекцијата да ја спроведе непристрасно.
Според соопштеното, Путин и Меркел во телефонскиот разговор нагласиле дека двете страни се подготвени да помагаат за повторно да започнат дипломатските и политичките напори околу сириското прашање, вклучувајќи ги и платформите од Астана и Женева, и дека ќе ги продолжат билатералните средби во оваа насока.
Исто така, Путин и Меркел, за време на телефонскиот разговор размениле мислења за проектот на гасоводот „Северен тек 2“.