İzzet Mazi
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
КИЛИС (АА) - Проектил лансиран од територијата на Сирија падна на обработливо земјиште во турскиот град Килис. Притоа нема жртви ниту повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава новинарот на АА, проектилот паднал во селото Јавуз Султан Селим а на местото пристигнаа екипите на итната медицинска помош и Цивилната заштита.
На местото каде што падна проектилот се преземени високи мерки на безбедност.
Најмалку три лица беа повредени во експлозија на три артилериски проектили кои во вторникот од сириска територија паднаа на подрачјето на Килис. Еден ден претходно, како резултат на четири ракети истрелани од Сирија загинаа пет, а повредени беа шест лица.