Halit Süleyman
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
АЛЕПО (АА) - Според првичните сознанија, 15 цивили го загубиле животот во нападите во јужниот и во западниот дел на сирискиот град Алепо, кои се под контрола на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA)
Хамуд Тенар, претставник на цивилната одбрана во западниот дел на Алепо, во изјава за АА истакна дека во областите кои се наоѓаат во јужниот и западниот дел на Алепо се извршени интензивни воздушни напади.
Тенар пренесе дека според првичните сознанија, четири лица загинале во Кефер Кармин, 5 во Хавар Ис, и 6 во Канатир. Тој нагласи дека голем број повредени се испратени во болниците, на лекување.
Исто така, Тенар пренесе дека претпоставуваат оти авионите што го извршија нападот се руски.
Регионот што беше нападнат, на шестиот состанок во Астана одржан на 14. и 15 септември, од страна на Турција, Русија и Иран беше вклучен во зоната без судири во Идлиб.
„Во последниве денови забележуваме дека Русите го бомбардираат регионот на Идлиб (во Сирија). Се разбира дека тука има и терористички групи. Се разбира дека не треба да се покажува толеранција кон терористичките групи, но забележуваме дека се убиваат голем број цивили и лица од умерената опозиција. Треба да бидеме внимателни тука. Ако има некој напад над цивилите, тогаш тоа е прекршување на примирјето и тоа значи кршење на договорот од Астана“, истакна вчера турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во емисија во живо.
Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на САД, објавено во петокот, се наведува дека извршените напади во Идлиб се совпаѓаат со начинот на вршење напад применуван од Асадовиот режим и од Русија.