Diyar Güldoğan
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
АТИНА (АА) - Грчкиот Апелационен суд денес го одби барањето на Турција за испорачување на осомничен припадник на терористичката организација ДХКП-Џ, јавуваат грчките медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лицето идентификувано како Бурак Агармиш, беше уапсено во Атина во ноември минатата година заедно со осум членови на ДХКП-Џ. Тие беа уапсени под обвиненија за членување во терористичка организација, за поседување експлозиви, огнено оружје и фалсификувани документи.
Пред Апелациониот суд во Лариса да ја изрече својата пресуда, Обвинителството тврдеше дека Агармиш не треба да биде испорачан затоа што „ставот на Турција кон човековите права не е добар“.
Ова е шеста по ред таква одлука со која грчки Суд отфрла барање од Анкара за екстрадиција на осомничени припадници на терористичката организација ДХКП-Џ.
ДХКП-Џ е одговорна за голем број терористички напади во Турција, вклучително и нападот врз Амбасадата на САД во Анкара во 2013 година, во кој загина еден припадник на обезбедувањето.
Екстремно-левичарската група се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ.