Gökhan Kurtaran
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Стапката на невработеност во Велика Британија, од декември минатата година, до февруари оваа година, падна на 4,2 отсто, најниско ниво од 1975 година, соопшти британската Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бројот на невработени лица за три месеци, заклучно со февруари, падна за 16.000 на 1,42 милион во споредба со претходната година, се вели во податоците на британската Канцеларија за статистика (ONS).
Стапката на невработеност во периодот ноември - јануари, изнесуваше 4,3 отсто.
Вкупните примања на вработените, сметајќи и бонуси, во набљудуваниот период се поголеми за 2,8 отсто во однос на една година претходно.