Zeynep Tüfekçi
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку четворица Палестинци се ранети во воздушни напади кои израелските сили ги извршија рано утринава во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската авијација изврши напад во местото Хуза во близина на Хан Јунис, а неименуван извор од болницата во овој град јавува дека најмалку еден од вкупно четворица ранети е животно загрозен.
Израелската војска потврди дека за време на минатата ноќ извршила напади во регионот Хуза.
Илјадници Палестинци на 30 март, на границата на Газа започнаа мирен „Марш на големо враќање“, кој со различни манифестации ќе трае шест недели.
Израелските сили во изминатите денови убија најмалку 35, а ранија повеќе од 3.000 демонстранти, а овој напад го осудија голем број земји, како и ОН и ЕУ кои покренаа независна истрага.
Израел се соочува и со жестоки критики на организациите за заштита на човековите права, вклучувајќи ги и израелските организации кои се противат на користење боева муниција против демонстрантите.