Sayed Khodaberdi Sadat
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
КАБУЛ (АА) - Во бомбашкиот напад извршен во покраината Кандахар, во јужниот дел на Авганистан, загина еден командант на граничните единици во Кандахар и неговите тројца телохранители, пренесува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните службеници соопштија дека бомбата поставена во возилото на Џанан Афган, командант на граничните единици во Кандахар, била активирана со далечински управувач.
Се истакнува дека во нападот извршен во подрачјето на Хазретџи Баба загинаа четири лица односно командантот Афган и неговите тројца телохранители, а повредени се тројца други телохранители на Афган.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.