Kemal Karadağ
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави дека офанзивата „Штитот на Еуфрат” на северниот дел од Сирија ќе биде продолжена со цел воспоставување на безбедносно подрачје во пограничниот појас, јавува Anadolu Agency (AA).
Истовремено, како изјави Јилдирим, акциите на турската полиција, жандармерија, и војска ќе бидат продолжени во 12 подрачја во Турција, за кои е утврдено дека се места каде што дејствуваат терористичките организации.