Serdar Açıl
17 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала, изјави денес во Анкара дека 33.746 лица имаат забрана за влез во таа земја поради сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие лица при обидот за влез во Турција се враќани. Покрај тоа, во Турција се приведени 2.783 лица од 89 земји и вратени во своите земји“, рече Ала.