Enes Kaplan, Zafer Fatih Beyaz
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
КОЊА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористичките организации какви што се ДАЕШ и Ал-Каеда на муслиманите им нанесоа голема штета, јавува Anadolu Agency (AA).
"Организациите како ДАЕШ, Боко Харам, Ал-Шабаб, Ал-Каеда на исламот и на муслиманите им нанесоа толкава штета која низ историјата многу малку непријатели успеале да им ја нанесат“, рече Ердоган. Во обраќањето во Коња на централната манифестација по повод 742 годишнина од смртта на Мевлана Џемалудин Руми, Ердоган рече дека со своите зборови Мевлана на целиот свет му праќаше пораки на љубов и добродетелство. "Да се присетите на Мевлана Џемалудин Руми значи пред се да ја сфатите неговата личност и неговите дела“ , рече турскиот претседател.
Нагласи дека токму терористичките организации се непријател на цивилизацијата на љубовта која ја пропагира исламот.
“Доколку ги земеме в предвид организациите кои денеска го погодија исламскиот свет, ќе видиме дека сите тие се непријатели на нашата цивилизација на љубовта чиишто еден од најважните претставници е и самиот Џемалудин Руми“ , рече Ердоган.