Hanife Erdinç
18 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Сиријците кои, од со војна зафатените земји, спасот го пронајдоа во Чанаккале, берат маслинки и на тој начин обезбедуваат подобри услови за живот за себе и за своите семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Во местото Кучукују, во Чанаккале, се наоѓаат голем број сириски семејства кои преку грчкиот остров Лесбос сакаа да стигнат до некои европски земји. Својот пат го запреле во Чанаккале, каде нашле работа како берачи на маслинки.
Маслинки берат голем број на жени и деца. И покрај сите несреќи кои се гледаат на лицата на Сиријците, кои инаку се сместени во шатори од најлон, сепак насмевката е присутна.
Реџеп Чакир, одговорниот за работата на Сиријците, за АА кажа дека бегалците, откако ќе заврши сезоната за берба на маслинки, ќе заминат на други места.
Чакир истакнува дека Сиријците кои се сместени во Кучукују, Турција ја прифатија како своја „татковина“ и дека на одреден начин се откажале од одењето во Европа.
„Не размислуваат за заминување во Европа. Овде сакаат да се стекнат со образование, за да живеат како нормални луѓе“, нагласи тој. Во текот на бербата на маслинките, по бегалците доаѓаат лицата сопственици на плантажите, а по завршената работа повторно ги враќа во нивните шатори.
На овој начин и плантажерите го решија проблемот за пронаоѓање работници кои ќе берат маслинки. Во секое семејство има најмалку четири или пет деца.
Началникот на Кучукују, Џенгиз Балкан, кажа дека е важно тоа што турскиот народ Сиријците ги „држи за рака“.