Vesna Besiç
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - И покрај студеното време бегалците од Блискиот Исток и понатаму го продолжуваат својот пат кон земјите на Западна Европа. Од полноќ до утринава во Република Хрватска влегле 715 бегалци, се наведува на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, јавува Anadolu Agency (АА).
Бројот на бегалци кои од Србија преминуваат во Хрватска е намален во однос на премините кои беа присутни од септември кога во оваа земја во само еден ден влегле околу 10.000 лица кои бараат спас од со војна зафатените земји.
„Од полноќ до 9:00 часот во Република Хрватска влегоа 715 бегалци, а во прифатниот центар во Славонски брод се наоѓа едно лице“, наведува министерството за внатрешни работи на Хрватска.
Од почетокот на бегалската криза во Република Хрватска влегле 468.343 бегалци. И понатаму се очекува голем притисок од бегалскиот бран од Република Србија.