Gorana Jakovljevic
01 Јануари 2023•Ажурирај: 03 Јануари 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Симболично, со подигање на рампата и зелено светло за слободен премин на местото на некогашната гранична контрола на преминот Бреган - Обрежје, на полноќ е одбележан влезот на Република Хрватска во шенгенската зона - најголемото подрачје за слободно движење во светот, известува Агенција Анадолија (АА).
Потпретседателот на хрватската Влада и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ на Граничниот премин „Бреган“ ја пречека словенечката министерка за надворешни работи, Сања Ајановиќ Ховник, каде што симболично ја подигнаа рампата на преминот.
Хрватска стана 27. членка на шенгенската зона, па од 1 јануари 2023 година укинати се граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет, на 26 март 2023 година, ќе бидат укинати граничните премини и на аеродромите.
Хрватска стана 20. земја членка на Европската Унија што влезе во еврозоната и својата национална валута, куната, ја замени со евро.