Atilla Hancı
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (АА) -Бројот на странци во Јапонија значително е зголемен што се должи на големиот број на имигранти од Виетнам и Непал, а бројот на странци во јуни оваа година беше 2.172.892, јавува Anadolu Agency (АА) .
Според јапонскиот дневен весник "The Japan News", најбројни странци во Јапонија се Кинезите, а по нив следуваат Корејците и Филипинците.
Се наведува дека бројот на странци во оваа земја значително е зголемен во последните години, поточно бројот на имигранти од Виетнам двојно е зголемен, додека бројот на Непалци во Јапонија се зголемил за 140 отсто.
Во Јапонија денес живеат над 656.000 Кинези, 497.000 Корејци и 224.000 мигранти од Филипините.
Мигрантите од Виетнам и Непал во Јапонија имаат право да останат врз основа на т.н. статус на квалификувани работници и технички практиканти. Има и такви кои престојуваат во Јапонија користејќи студентска виза.