Ekip
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина се одржа годишната церемонија во сеќавање на жртвите на масакрот во Нанџинг во 1937 година, по втор пат, во меморијалната сала во источниот дел на градот, јавува Anadolu Agency (АА).
Државната новинска агенција објави дека почесната гарда ги донесе национални знамиња, и ги постави на половина копје, пред церемонијата во Нанџинг, во провинцијата Џијангсу.
Фотографиите на новинската агенција Џинхуа покажуваат војници кои маршираат носејќи големи венци за поставување во големата Меморијална сала во сеќавање на масакрот, во кој биле убиени над 300.000 кинески цивили од страна на јапонските сили.
Во 1937 година, јапонската армија го зазеде Нанџинг, тогашниот главен град на Република Кина.
Јапонија продолжува да негира дека се има случено масакр од толкави размери.
Во октомври, УНЕСКО ги прифати документите на Кина кои ги поддржуваат наводите за јапонските злосторства во Нанџинг и ги вметна во својот Регистер за светски случувања, потег кој предизвика противење од Токио.