Emin Avundukluoğlu
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на конференцијата на министрите за внатрешни работи на Германија Роџер Левенц изјави дека до Божиќ во Германија се очекува еден милион бегалци, јавува Anadolu Agency (АА).
Левенц во своето обраќање на конференција во германскиот град Кобленц, рече дека што побрзо треба да се пуштат во функција прифатните центри за бегалци кои претходно беа ветувани.
"Бројот на бегалци кои влегле на територијата на Германија во текот на оваа година, до Божиќ, односно до 24 декември треба да ја надмине бројката од еден милион", рече Левенц, нагласувајќи дека другите земји во Европската Унија (ОН) треба да ги отвори вратата бегалци.
Претседателот на Конференцијата Министрите за внатрешни работи на Германија Роџер Левенц ги критикуваше изјавите од Полски дека оваа земја нема да ги отвори своите врати за бегалците, додавајќи дека кога станува збор за субвенциите за земјоделството, сите овие држави "многу брзо знаат да се вклучат во случајот", рече Левенц.
Да потсетиме дека германската влада претходно соопшти дека во оваа земја до крајот на годината се очекуваат околу 800 илјади бегалци.