21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град Хамелин една девојка е сериозно повредена, откако маж чиј идентитет сè уште не е објавен, со јаже околу вратот ја влечел низ улиците закачена на автомобил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека 28-годишната девојка е пронајдена закачена за автомобил чиј сопственик е 38-годишен маж, кој сам се предал на полицијата.
Човекот кој призна сè, е осомничен за обид за убиство.
Полицијата нема објавено информации околу мотивот за овој настан.
Девојката е префрлена со хеликоптер во болница, каде што докторите се борат за нејзиниот живот.