Qays Abu Samra,Safiye Karabacak
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
РАМАЛА (АА) - Министерството за надворешни работи на Палестина соопшти дека Израел се подготвува за изградба на 7 илјади нови станбени единици во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение се истакнува дека Израел со нов план има намера да го одвои источен Ерусалим од палестинската околина, да го зголеми бројот на станбени единици на Евреите и да заземе додатна територија.
„Продолжувањето на изградбата на станбените единици значи затворање на вратата за политичко решение”, се истакнува во соопштението.
Палестинците се спротивставуваат на изградбата на еврејските станбени единици.
Блискоисточниот мировен процес е блокиран во април 2014 година поради израелското одбивање на предлогот за признавање на границите од 1967 година и завршување на политиката за изградба на илегални еврејски населби на окупираната палестинска земја.