Sinan Uslu
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на кабинетот на претседателот на Турција, двајцата лидери разговараа за Самитот во Сочи, што се одржа на 22 ноември, како и за прашањата поврзани со сириската криза и билатералните односи.
Ердоган за време на разговорите истакна дека е важно под покровителство на Обединетите нации (ОН) во Сирија да одржат слободни и фер избори, во кои може да учествуваат сите Сиријци.
Тој додаде дека е многу важно во таа земја да се спроведе слободна, праведна и транспарентна политичка транзиција, која, како што рече, ќе ја предводи сирискиот народ.
Нагласи дека Конгресот на национален дијалог, кој ќе се одржи во Сочи, нема да биде алтернатива за преговорите во Женева, но ќе биде составен дел од целокупните мировни преговори.
Тој истакна дека претставниците на терористичките организации нема да можат да учествуваат во наведениот Конгрес.
Ердоган и Штајнмаер, исто така зборуваа за односите меѓу Турција и Германија, истакнувајќи ја важноста на повторно интензивирање на билатералните односи и додаде дека двете земји треба да направи чекори во оваа насока.