AP
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
БЕРЛИН (АА) - Неколку луѓе se повредени во несреќни случаи поврзани со лошите временски услови, додека воздушниот сообраќај на аеродромот во Келн / Бон беше прекинат поради невремето што ја погоди земјата, пропратено со силен ветар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германските медиуми јавија дека околу 100.000 луѓе останале без електрична енергија во западниот дел на земјата, додека железничкиот сообраќај во северозападната држава Долна Саксонија бил откажан. Поради невремето, 18 летови од аеродромот во Дизелдорф беа откажани.
Две лица се повредени откако силен ветар преврте камион на автопатот во близина на Бон, а најмалку четири лица се повредени при паѓање на дрвја во Дортмунд, Рејтинген и Хајнсдорф.