Ayhan Şimşek
25 Октомври 2024•Ажурирај: 29 Октомври 2024
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предложи купување на 600 напредни крстосувачки ракети Таурус за зајакнување на воената моќ на земјата, објави денес неделниот весник „Дер Шпигел“, пренесува Анадолу.
Министерот Писториус го претстави планот пред парламентарната комисија за буџет, истакнувајќи ги стратешките придобивки од новиот ракетен систем, се наведува во веста. Проценетата цена на проектот е 2,1 милијарди евра.
„Дер Шпигел“ објави дека планот се соочува со неколку пречки поради буџетските ограничувања, додека Министерството за одбрана побарало 350 милиони евра за да започне проектот следната година. Доколку се одобрат средствата, првите испораки би можеле да започнат веќе во 2029 година.
Германските вооружени сили (Бундесвер) во моментов имаат околу 600 постари крстосувачки ракети Таурус, кои минуваат низ опсежна модернизација. Ракетниот систем Таурус е познат по својот долг дострел и прецизност, способен да биде лансиран од различни борбени авиони, вклучувајќи ги Торнадо, Еурофајтер Торнадо и Грипен.
Со дострел поголем од 500 километри, проектилите Таурус се добро познати по својата успешност во правилното гаѓање на објекти, вклучувајќи мостови или тврди и длабоко закопани цели како што се командни бункери.