Kemal Karadağ
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „Штит Еуфрат ” против терористичката организација ДАЕШ, во регионот околу градот е уништен објект кој терористите го користеле како команда и магацин за муниција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на новинар на АА од воени извори, во рамките на акцијата на турските и коалициските сили во утринските часови извршен е напад на барака која терористите ја користеле како команда и магацин за муниција. Во таа прилика, објектот кој се наоѓа јужно од Џерабулус, е уништен во потполност.
Исто така е утврдено дека поради нападот дошло до повеќе последователни експлозии.