Halit Süleyman
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а осум се повредени во напад со касетни бомби во сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го извршија воени авиони на руската војска. Од цивилната заштита за АА потврдија дека се бомбардирани населбите Тума и Селаг во Идлиб, кои се под контрола на сириската опозиција.
Ранетите во нападот се префрлени во мобилните болници. Наведено е дека на тоа подрачје останале и голем број на неексплодирани касетни бомби.