Sinan Uslu
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку 25 припадници на терористичката организација ПКК/ПЈД се убиени во воздушните напади врз терористичките упоришта во северниот дел на Сирија, коишто се изведуваат во рамките на операцијата „Штитот за Еуфрат”, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека турските воздухопловни сили во рамките на коалицијата за борба против ДАЕШ, изведоа напади врз терористичките упоришта од кои се вршени напади врз силите кои ја поддржуваат Ослободителната војска на Сирија во операциите "Штитот на Еуфрат", со цел неутрализирање на терористичките елементи во северното сириско подрачје на Џарабулус.
Во соопштението се наведува дека во воздушните напади „неутрализирани” се најмалку 25 припадници на терористичката организација ПКК/ПЈД, и уништени се пет објекти кои ги користеле терористите.
Турските сили кои ги поддржуваат коалициските воздушни операции во северниот дел на Сирија, исто така соопштија дека се преземени сите мерки со цел да се спречат цивилните жртви во текот на тие операции и дека на тоа прашање посветуваат големо внимание.