Emin Avundukluoğlu,Fatjon Prronı
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ХАКАРИ (АА) - Во експлозија на бомба поставена од страна на ПКК во југоисточната турска покраина Хакари, денес загина еден турски војник, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Бомбата била активирана со далечински управувач во моментот кога безбедносните сили се обидувале да ја деактивираат истата на автопат оддалечен 30 километри од главниот град на покраината, изјави официјално лице кое сакаше да остане анонимно.
Започната е операција за пронаоѓање на терористите.
Во меѓувреме, двајца терористи на ПКК им се предадоа на силите за безбедност во областа Башкале, во соседната покраина Ван. Истиот извор истакна дека тие избегале од ПКК и се предале во обласната станица на жандармеријата.
ПКК - прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ - продолжи со својата вооружена кампања во јули минатата година, оттогаш загинаа над 600 припадници на безбедносните сили, а беа убиени околу 7.000 терористи на ПКК.