Zuhal Demirci
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
БУКУРЕШТ (АА) - Романските власти го затворија студентскиот дом во југоисточниот град на таа земја, Меџидија, со којшто управувала Фондацијата Дунав, поврзана со терористичкaта организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) во Романија, Ахмет Дастан, за АА потврди дека надлежните романски институции покренале истрага во која е утврдено дека студентскиот дом работел нелегално и дека е донесена одлука за затворање на таа установа.
Дастан изјави дека ТИКА започнала со подготовка на физибилити студии за проширување на капацитите на студентскиот дом, со цел во предстојната школска година да биде од поголема корист за студентите во тој романски град.
По завршувањето на студиите, студентскиот дом ќе биде предаден на управување на Муфтиството во Романија.