Mohamad Misto
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
ЏАРАБУЛУС (АА) - По заземањето на подрачјето на градот Џарабулус во Сирија, кој се наоѓа во близина на турската граница, од рацете на терористичката организација ДАЕШ, Ослободителната војска на Сирија (ОВС) создава безбедни услови за враќање на населението во своите домови, јавува Аnadolu Agency (AA).
По вчерашната воена операција против ДАЕШ во северниот дел на Алепо во градот Џарабулус, Ослободителната војска на Сирија успеа да постави целосна контрола врз градот и околината.
По заминувањето на ДАЕШ, Ослободителната војска на Сирија спроведува претпазливи мерки поради многуте поставени мини во центарот на градот од страна на ДАЕШ.
ОВС ги испитува сите можни точки на поставени бомби, а онаму каде што се идентификуваат, истите се уништуват со контролирни експлозии.
Исто така, ОВС презеде и ригорозни мерки на влезот на центарот од градот. Војниците на ОВС се внимателни против можни бомбашки самоубиствени напади на припадниците на ДАЕШ.
Командантите за АА изјавија дека во скоро време ќе го вратат животот во нормала и дека посакуваат што поскоро населението да се врати во своите домови.
Во меѓувреме, дел од граѓаните почнаа да се враќаат во своите домови во Џерабулус.
Еден од нив е Мухамед Кенкери, кој ѝ се се заблагодари на Турција за пружената помош против ДАЕШ.
„Веќе можеме да се вратиме во своите домови. Дај боже да остане вака и сoстојбата да се нормализира”, рече Кенкери.
Жителка на Џарабулус, која сакаше да остане анонимна, рече „ јас бев принудена сама да заминам од Џарабулус. Морав да ја оставам мајка ми сама. Сега ќе бидеме заедно. Среќна сум”.
По преземањето на Џарабулус под контрола на Ослободителната војска на Сирија, и генералот на специјалните сили при Генералштабот на турската војска, Зекаи Аксакал, дојде во центарот на градот. Во текот на посетата разговараше со командантите на ОВС за безбедносната состојба во градот.
Во меѓувреме, деминерите од турските воружени сили продолжуваат со внимателно уништување на рачно изработените експлозивни направи поставени на патиштата од страна на ДАЕШ при нивно полекување во деловите на Сирија кон граничниот премин Каркамиш во Газиантеп.
Во вчерашното соопштение на потпаролот на претседателот, Ибрахим Калин, беше наведено дека целта на операцијата во Џарабулус е да се расчистат сите терористички елементи во турскиот пограничен појас, да се осигура безбедноста на границите и да се сочува територијалниот интегритет на Сирија.