Ekip
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ВАРАНАСИ (АА) - Евакуирани се околу 3.000 лица поради свлечиште кое беше предизвикано од обилните дождови и поплави кои во последните недели го погодија западен Бенгал во Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата со поплавите полека се стабилизира иако се уште е поплавен голем број на куќи и патишта.
Службеникот во Канцеларијата за национални катастрофи, Ракеш Рањан, изјави дека оваа недела имале спасувања во планинскиот дистрикт Манган.
Меѓутоа, дождот е намален во последните три дена во Утар Прадеш при што 200.000 лица побараа спас во приватните центри.Обилните дождови предизвикаа нивото на реката Ганѓеш да достигне ниво на опасност при што вонредната состојба е прогласена во 20 окрузи во државите Мадја Прадеш, Бихар и Утар Прадеш.
Поплавите за време на сезоната на монсуни во Индија се чести, кои траат во текот на летниот период од јуни до септември.
Поради поплавите и другите природни непогоди во последно време во Индија загинаа 175 лица.