Mohamad Misto
13 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА/ АНКАРА (АА) - Во Сирија, 25 пациенти беа евакуирани од Источна Гута, која е под блокада на режимот на Башар ал-Асад и неговите поддржувачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинарите на АА во регионот, 25 хронични пациенти во Источна Гута биле евакуирани преку сириската Црвена полумесечина.
Евакуацијата на групата, вклучувајќи ги и децата и жените, се одржа во рамките на Договорот за гаранцијата на ОН меѓу Русија и „Чејшул Ислам“.
Ријад Абдулазиз, шеф на локалниот совет на Источна Гута, за АА изјави дека досега се евакуирани 25 лица и дека бројот ќе се зголеми максимум до 35-40.
Абдулазиз рече дека овој настан не треба да се сфати како „цивилите се евакуираат“.
„Чејшул Ислам“, една од најголемите воени опозициски групи во регионот, во соопштението, истакна дека постигнала договор за пациентите во регионот да бидат евакуирани под покровителство на Обединетите нации (ОН) и Русија.
Вооружените сили на сирискиот режим на Башар ал-Асад и нивните поддржувачи, и покрај Одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за едномесечно примирје, продолжуваат со нападите на Источна Гута.
Кризата во регионот секојдневно се продлабочува, а илјадници болни цивили чекаат да бидат евакуирани. Поголем дел од нив се деца или болни од рак во напредна фаза. Голем број деца во Источна Гута починаа поради глад и недостаток на лекови.
Меѓународната независна истражна комисија за Сирија на ОН, во минатите денови објави дека режимот на Асад извршил серија воени злосторства врз цивилите во Источна Гута, со тоа што употребувал хемиско оружје во нападите врз цивилите, ги изгладнувал и ја спречувал испораката на медицинската опрема.