Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ДАМАСК (АА) – Шеснаесет лица го загубија животот во нападите врз цивили од страна на воените авиони на сирискиот режим, во Дера, Источна Гута, на границата со Јордан, јавува Anadolu Agency (AA).
Од одговорните во болницата „Сахра“, за АА даде изјава Хамза Аџва, која потврди дека воените авиони на сириската армија ја нападнаа областа Себка. Оваа област е контролирана од опозициските сили, а се наоѓа во близина на гратчето Дума, Источна Гута, на североистокот од Дамаск.
Хамза изјави дека при нападот во Дума, животот го загубиле петмина цивили, во Себка тројца, а има и многу повредени.
Од друга страна, пак, од Сириската мрежа за човекови права (СМЧП) изјавија дека режимските авиони нападнале едно семејство во месноста Насиб, во близина на сириско-јорданската граница, додека се обидувале да ја преминат границата. Според нивната изјава, во нападот животот го загубиле 8 лица.