Mustafa Keleş,Bilgin S. Şaşmaz
11 Ноември 2016•Ажурирај: 12 Ноември 2016
МИНСК (АА) - Со свечена програма планирана за денес, 54 години по уривањето ќе биде отворена џамијата во Минск, која беше повторно изградена со поддршка на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста по повод отворањето на џамијата ќе присуствува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претседателот на Одборот за верски прашања на Турција, Мехмет Ѓормез, претставници на верските заедници и многу други гости.
Подготовките за свеченото отворање на џамијата се завршени, а овој верски објект ќе биде домаќин на денешната, заедничка, петочна молитва.
Џамијата беше урната во Минск, пред 54 години, во времето на Советскиот Сојуз.