Halit Süleyman
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
ДАМАСК (АА) - Најмалку 17 лица загинаа, а 50 се повредени во воздушен напад извршен во Источна Гута во сирискиот Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на областа Хамурије беше извршен од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според тимот на цивилната заштита на земјата, бројот на жртвите во нападот спроведен утровово се зголеми на 17 лица. Меѓу нив се наоѓаат и жени и деца.
Според нив, меѓу 50 повредени се членови на цивилна заштита.
Силите на Башар ал Асад минатата недела изврши интензивни воздушни и копнени напади во областа на Кобар, Kабуна и Источна Гута.