Barış Seçkin
25 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
РИМ (АА) - Претседателите и премиерите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), почнаа да се собираат денеска во Рим на самитот по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, со кој е основана Европската економска заедница, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој ден во 1957 година, Западна Германија, Холандија, Луксембург, Италија, Франција и Белгија го потпишаа Римскиот договор за основање на Европската економска заедница која е претходник на денешната Европска унија (ЕУ).
Од Европската економска заедница зборот „економска" беше остранет во 1992 година со потпишувањето на Договорот од Мастрихт со кој Европската заедница стана има една од првите три носечки столбови на Европската унија, а кој исто така се нарекува столб на општеството.
Официјални лица утрово почнаа да се собираат на ридот Капитол, каде што се наоѓа палатата, а таму се пречекани од домаќините на денешната церемонија, италијанскиот премиер Паоло Џентилони, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, премиерот на Малта, Џозеф Мускат, како и градоначалникот на Рим Вирџинија Раги.
Во Рим денес нема да има претставник на Велика Британија, со оглед на тоа дека оваа земја на референдумот минатата година одлучи да се повлече од Унијата.
Се очекува дека учесниците на самитот во Рим ќе објават заедничка изјава, во која треба да има говор за значењето на досегашните успеси на ЕУ.
Планирано е по самитот претседателот Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, премиерот на Малта Mускат и премиерот на Италија, Џентилони, да одржат заедничка прес-конференција.
Лидерите после тоа ќе присуствуваат на вечерата организирана од страна на претседателот на Италија Серџо Maтарела во палатата Квиринале.
За следење на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор се акредитирани 1.200 новинари од целиот свет.
Во Рим денеска се засилени мерките за безбедност, за што се распоредени 5.000 полицајци, а воздушниот простор на главниот град на Италија е затворен за транспорт.